Ибрахимовиќ со „We are Zweden“ го прослави пласманот на Шведска на Мундијалот

Шведските репрезентативци го шокираа фудбалскиот свет со елиминацијата на Италија, во бараж-двомечот за пласман на Светското првенство во Русија.

Веднаш по завршувањето на натпреварот, победата ја прослави и контроверзниот Златан Ибрахимовиќ, кој на својот Твитер профил напиша: „We are Zweden“, така што буквата „S“ ја замени со првата од своето име „Z“.

Златан Ибрахимовиќ, во 2016 година по елиминацијата на Европското првенство во Франција се има повлече од репрезентацијата на Шведска, но дали повторно може да се предомисли и да го видиме во дресот на „викинзите“ на претстојниот Мундијал, останува да видеме во следниот период.

Ибрахимовиќ со 62 гола на 116 натпревари е рекордер по бројот на голови во репрезентацијата на Шведска.