ВИДЕО: Ибрахимовиќ се повреди, би можел да го пропушти остатокот од сезоната!

Златан Ибрахимовиќ повреда

Манчестер Јунајтед остана без Златан Ибрахимовиќ за завршницата на мечот против Андерлехт, кој мораше да го напушти теренот поради повреда на коленото. 

Шведскиот напаѓач лошо доскокна на својата нога по еден дуел со противничкиот дефанзивец, а во 91. минута него го замени Ентони Марсијал. Англиските медиуми пренесуваат дека Златан би можел да биде надвор од фудбалските терени до крајот на сезоната. 

„Црвените ѓаволи“ го загубија својот најдобар фудбалер, а Рашфорд погоди во 107. минута и донесе значајна предност за екипата на Мурињо на патот до полуфиналето од Лигата на Европа.