Ибрахимовиќ продолжува во клуб кој постои три години, но дава милиони за неговите услуги

Златан Ибрахимовиќ посакува нов предизвик во својата богата кариера, а е мета на тимот на ФК Лос Анџелес, кој е основан во 2014 година, а од 2018 година ќе биде дел од МЛС лигата. 

Според ексклузивните сознанија на Дејли Мејл, Лос Анџелес е подготвен на Ибрахимовиќ да му понуди 6 милиони евра по сезона, а за челниците на американскиот гигант не претставува пречка тоа што Швеѓанецот наредната година ќе има 36 години. Покрај тоа, од „помладиот“ тим од Лос Анџелес се подготвени да вметнат клаузула, според која Ибрахимовиќ би можел да се врати во Манчестер Јунајтед како позајмен играч.

Доколку Ибрахимовиќ потпише со тимот на Лос Анџелес ќе стане втор најплатен играч во МЛС лигата. На првото место се наоѓа Рикардо Кака, кој од тимот на Орландо добива годишна плата од 6,7 милиони евра.