Хулиганот кој ја оштети Хрватска на ЕП доби ДОЖИВОТНА забрана за влез на стадиони!

Хулиганот кој направи хаос на натпреварот меѓу Хрватска и Чешка на Европското првенство (ЕП), кое во 2016 година се одржа во Франција доби заслужена казна и нема да смее да влезе на стадион до крајот на својот живот.

Член на навивачката група „Торцида“ од Сплит, кој има само 23 години, беше уапсен од полицијата за нередите и до крајот на својот живот нема да смее да влезе на стадион на натпреварите на Хрватска, како и на мечевите од хрватските лиги. За време на натпреварите тој треба да биде најмалку 500 метри оддалечен од стадионот.

„Коцкестите“ имаа водство против Чесите од 2-0, но откако се случи инцидентот, поточно прекинот кои го предизвикаа хрватски фанови незадоволни од Хрватската фудбалска федерација, паднаа психички и му дозволија на противникот да изедначи во финишот.