ВИДЕО: Хирушкиот слободен удар на Меси ја врати Барса во Куп-двомечот

Барселона со сосема поинаков жар влезе во второто полувреме на „Сан Мамеш“ и преку Лео Меси во 52. минута намали на 2-1.

Голот е постигнат од слободен удар со левата нога, а Горка Ираизоз не интервенираше најдобро, па топката падна зад гол цртата.

Иако голманот на домашната екипа протестираше, Фернандо Борбалан исправно постапи бидејќи топката по ударот од пречката заврши зад гол линијата.