ВИДЕО: „Хеви-металот“ на Клоп на дело – Мане со велемајсторски волеј ја „скина“ руската мрежа!

Англискиот гигант, Ливерпул, игра фантастичен фудбал на „Енфилд“ во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. 

По првите 45 минути „црвените“ имаа водство од високи 3-0 протув московски Спартак, но по само 5 минути игра во вториот дел веќе имаат убедливи 5-0. За нова радост на домашните фанови се потрудија, Мане и Кутињо, а посебен беше голот на брзоногото крило од Сенегал, кој на асистенција на Милнер со феноменален волеј удар ја скина руската мрежа. 

Во првото полувреме резултатот го отвори Кутињо, а потоа Бразилецот со уште еден гол зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 беа дело на Фирмино.