ВИДЕО: Покер за капитенот Несторовски, два гола за Трајковски, на стартот на подготовките на Палермо

Екипата на Палермо за која сè уште настапуваат нашите репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, со убедлива игра и водство од 8-1 по само 45 минути ги започна подготовките за новата сезона. 

Сицилијанскиот тим својот прв тест меч, кој уште е во тек, го игра против австрискиот аматерски тим Бад Клајнкирхајм, а токму нашите момци беа најзаслужни за високата предност на полувреме. Несторовски беше творец на три гола во првиот и еден во вториот дел, а воедно за првпат стартуваше како капитен на тимот, додека Трајковски постигна два погодоци. 

На крајот Палермо се радуваше со убедливи 13-2, а љубителите на фудбалот од Сицилија имаа причини за задоволство.