ВИДЕО: Хет-трик на Трајковски, Палермо обезбеди трето коло во италијанскиот Куп!

Екипата на Палермо за која настапуваат македонските репрезентативци, Александар Трајковски и Илија Несторовски без многу проблеми обезбеди трето коло во италијанскиот Куп. 

Тимот од Сицилија кој во новата сезона ќе се натпреварува во Серија Б славеше убедлива победа од 5-0 (2-0) над Виртус Франкавила, а најзаслужен за истата беше нашето крило, Трајковски, кој беше незадржлив на вечерашниот меч, постигнувајќи три гола. Токму Македонецот во 13. минута го отвори резултатот, а пред паузата со нов гол му донесе сигурна предност на својот тим (2-0).

Во вториот дел прецизен беше и Алесами (3-0), a во 72. минута Македонецот со својот трет гол зголеми на 4-0. Печат на победата стави Ла Гумина на 10 минути од крајот на мечот. 

Во третото коло од националниот Куп на Италија, Палермо ќе се соочи со екипата на Каљари.