Гвардиола руши рекорди и во ПЛ: Стана единствениот стратег со четири по ред признанија менаџер на месецот!

По сите статистики, пресметки и очекувања, екипата на Манчестер Сити најверојатно ќе биде новиот шампион на Премиер лигата. „Граѓаните“ оваа сезона играат вонсериски фудбал, немаат пораз, а пред две седмици им беше прекината серија од 19 победи во низа, откако одиграа само 0-0 против Кристал Палас. 

Де Брујне, Силва, Стерлиг, Сане, Агуеро... играат во топ-форма, а дефинитивно најзаслужен за тоа е менаџерот, Пеп Гвардиола. Шпанецот оваа сезона успеа да го состави целиот мозаик и од Сити да направи тим кој ќе „тероризира“ на домашна и на европска сцена. 

Неговата напорна работа оваа сезона на неколку пати беше наградена, а со последното признание стана единствениот стратег, кој во една сезона бил прогласен четирипати по ред за најдобар менаџер на месецот. Пеп ова признание го освои за месец септември, октомври, ноември и декември.

За најдобар играч за месец декември беше прогласен првиот ас на Тотенхем, Хари Кејн, додека најубавиот гол го постигна Џермејн Дефо на дуелот против Кристал Палас.