ВИДЕО: „Гудисон парк“ на нозе, Руни стрелец и во второто деби за Евертон

„Гудисон парк“ е на нозе, а херојот на Евертон како никогаш да не го напуштил својот матичен клуб. Се играше последната минута од првиот дел на натпреварот од првото коло на Премиер лигата меѓу Евертон и Стоук, кога Руни со империјален скок ја закова топката со глава во мрежата на гостите по центаршутот на Келвин-Лавин (1-0). 

Руни е предодреден за дебитантски голови, откако и во првиот натпревар за „карамелите“ постигна гол, а сега и по враќањето пак е стрелец. По 4.900 дена Руни е стрелец на Евертон на „Гудисон парк“.