Голгетерско шоу во групната фаза од ЛШ: За првпат во историјата постигнати над 300 гола

Кристијано Роналдо рекорди

Последните осум меча во групната фаза од Лигата на шампионите донесоа дури 33 гола, меѓу кои по седум беа постигнати на дуелите Ливерпул - Спартак Москва (7-0) и Порто - Монако (5-2).

Стрелците беа расположени во текот на сите шест кола од почетната фаза од натпреварувањето, а за тоа најдобро говори статистиката, која вели дека со денешните вкупно се постигнати преку 300 гола. Тоа се случува првпат во историјата на најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

Рекордер меѓу стрелците е Кристијано Роналдо, кој на шест меча постигна девет гола.

Следува нокаут фазата, а паровите за осминафиналето ќе бидат познати по ждрепката која што ќе се одржи в понеделник.