Германците се сомневаат: Зар ова момче има само 12 години?

Германското чудо од дете, 12-годишниот Јусуф Мукоко, во изминатиов викенд го запиша својот прв настап за националниот тим до 16 години. Мукоко, кој е член на Борусија Дортмунд, за „панцирите“ дебитираше на мечот против Австрија, на кој ги одигра последните 15 минути. 

Тој оваа сезона е дел од У17 тимот на „милионерите“ и веќе во новата сезона постигна 10 гола, па германската јавност сериозно се сомнева за неговите години. Мукоко е роден во Камерун на 20 ноември 2004 година, но во наредниот период ќе биде подлежен на дополнителни тестови со цел да се разреши секоја дилема. 

„Да, тој навистина има 12 години. Кога се роди веднаш го регистрирав во германскиот конзулат во Јаунде, така што Мукоко има германско крштениче“, изјави таткото на младиот фудбалер, Џозеф.

Тој како еден од доказите дека неговиот син има 12 години, го посочи фактот што неговата сопруга Мари има само 28 години, што значи дека таа го родила Мукоко на 16-годишна возраст.