ВИДЕО: Генијална рабона во руската лига! Ласкано итро шутираше, но само во пречката

Екипата на Зенит, со победа го започна атакот на шампионската титула во руската Премиер лига. Тимот предводен од италијанскиот стратег Роберто Манчини, во првото коло на новата сезона славеше гостинска победа од 0-2 над тимот на СКА-Енергија Кабаровск.

Творци на премиерната победа на Зенит беа Кузјаев и Кокорин, но шоуто им го украде домашниот напаѓач, Хуан Ласкано, кој изведе ретко-видена „рабона“ која за жал заврши само во пречката на Лунев.