ВИДЕО: Гатузо до Коларов - „Ќе ти го скршам задникот, играј фудбал!“

Гатузо и Коларов

Екипата на Милан продолжи со одличните резултати, откако вчера се радуваше на тешкото гостување на „Олимпико“ кај Рома со головите на Калабрија и Кутроне. 

Интересен момент се случи покрај аут-линијата, во кој темпераментниот Џенаро Гатузо, тренерот на „росонерите“, започна вербален дуел со левиот бек на домашниот тим, Александар Коларов

„Ќе ти го скршам задникот, играј фудбал“ , беа зборовите на италијанскиот стручњак, кој е познат по своите бурни реакции на фудбалскиот терен. 

Србинот се обиде да возврати, а целата ситуација ја смири главниот судија.

Сепак, Гатузо на крајот од полувремето му се извини на противничкиот фудбалер и го прегрна на патот до соблекувалната.