Гатузо во Милан добива смешна и убедливо најмала плата во Серија А

Тренерот на италијанскиот гигант Милан, Џенаро Гатузо е тренер со убедливо најниска плата во италијанската Серија А. Со само 120.000 илјади евра годишно, платата на Гатузо може да се споредувa со платата на некои македонски тренери или поранешни селектори.

Тренерот на Верона, која се наоѓа на 19. место на табелата, Фабио Пекиа има повисока плата од тренерот на „росонерите“ и добива 250.000 евра.

Макс Алегри со седум милиони евра по сезона е најскапоплатениот тренер меѓу италијанските прволигашки стручњаци.