ВИДЕО: Гамеиро донесе нови три бода за Атлетико

Екипата на Атлетико Мадрид продолжи да ја гони Барселона во Примера и забележа нов триумф, совладувајќи го тимот на Еибар со минимални 0-1 (0-1).

„Јорганџиите“ на Симеоне беа доминантни во првото полувреме и дојдоа до нови посакувани три бода. Стрелец на победоносниот гол за Атлетико беше Кевин Гамеиро, кој погоди во 27. минута откако доби сервирана топка од Гризман и реализира.

Атлетико е на второто место во Примера, со 42 бода, а во наредното коло ќе биде домаќин на Жирона. Еибар, пак, загуби по три натпревари и падна на седмото место.