ВИДЕО: Гачевски со три перфектни одбрани го чува Вардар во жешкото Тетово

Македонскиот првак Вардар одигра анемично полувреме без голови во Тетово против Шкендија (0-0), а голема заслуга за тоа има голманот Филип Гачевски, кој брани фантастично и ги чува „црвено-црните“ без примен гол.

Голманот забележа три интервенции кои беа одлични. Првата шанса ја имаше Жуниор со шут од далечина уште во 4. минута, но Гачевски боксува, а во 8. минута Ферхан Хасани по грешка на Новак излезе еден на еден со голманот, но тој ја прочита неговата намера.

Перфектна шанса за гол имаше и Марјан Радески во 17. минута, кога доби топка од Бесарт Ибраими и одлично шутира, но Гачевски одлично интервенира и ја сочува својата мрежа.