ВИДЕО: Фудбалска рапсодија на Ливерпул, со СЕДУМ гола во руската мрежа слави осминафинале!

Ливерпул насловна

Англискиот гигант, Ливерпул, со стил ги заврши настапите во групната фаза на Лигата на шампионите. „Црвените“ на својот „Енфилд“ го уништија рускиот гигант, Спартак Москва, откако на крај славеа со убедливи 7-0 (3-0). 

Ѕвезда на мечот беше најдобриот домашен фудбалер, Фелипе Кутињо, кој зад своето име го запиша првиот европски хет-трик во дресот на Ливерпул, а фантастични беа и Мане и Фирмино, кои постигнаа два, односно еден гол. Резултатот го отвори Кутињо со гол од пенал по само три минути игра.

Неколку минути подоцна по една акција како од фудбалски учебници Бразилецот зголеми на 2-0, додека за убедливи 3-0 погоди „деветката“ Фирмино. Момците на Клоп и покрај високото водство во вторите 45 минути не застанаа со атомскиот фудбал и по само 5 минути игра во вториот дел постигнаа два гола. Мане прв стрелаше во продолжението, а Кутињо со уште ден гол зголеми на 5-0. До крајот на мечот Мане погоди уште еднаш, а можеби голот на вечерта во Лигата на шампионите го постигна Салах, откако си поигра со руската одбрана и ги постави конечните 6-0. 

Со оваа победа Ливерпул како првопласирана екипа ќе учествуваа во ждрепката в понеделник, а од оваа група, Е осминафинале обезбеди и шпанска Севиља, иако во Словенија разочара и одигра само 1-1 против Марибор. За словенечката екипа погоди Таварес во 10. минута, додека конечните 1-1 ги постави Гансо на 15 минути до крајот на мечот.