ВИДЕО: Фрустрираниот и исвиркан Игуаин, некоректно возврати кон фановите на Барса

Моменти на немоќ и фрустрација на фудбалерите на Јувентус, кои четири месеци по триумфалниот пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите по 0-0 во Барселона, се вратија на „Камп Ноу“ и загубија со 3-0 од Меси и другарите.

Гонзало Игуаин беше еден од најлошите поединци на теренот и оправдано беше заменет од Макс Алегри. Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид беше исвиркан, а тој со некоректен потег со високо подигнат среден прст отпоздрави.

Овој гест не беше снимен од ниту една од 24 камери во официјалниот интернационален пренос, туку мексиканска телевизија ја улови некоректноста на Аргентинецот.