ВИДЕО: Фред со перфектен слободен удар го сврте резултатот за Шахтјор

Човекот кој од следната сезона ќе игра за Манчестер Сити, Фред со перфектен слоноден удар во 70. минута донесе предноста за Шахтјор против Рома со 2-1. Се чинеше дека Алисон е несовладлив, но Бразилецот со перфекција со левата нога и со помош на пречката за првпат го доведе тимот на Фонсека во предност (2-1).

Украинскиот тим, кој ги доби сите три натпревари од групната фаза на домашен терен, на прагот е да ја продолжи својата победничка серија.