Фонсека е човек од збор: Тренерот на Шахтјор вети и се маскира како Зоро!

Пауло Фонсека е човек од збор - португалскиот тренер, кој го предводи Шахтјор Доњецк познат е по прекарот Зоро, а воочи последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите изјави дека ако неговиот тим ја пројде групната фаза, ќе се маскира во познатиот филмски јунак Зоро.

Шахтјор го совлада Манчестер Сити со 2-1 и како второпласиран во групата Ф обезбеди место во ждрепката в понеделник, а Фонсека се појави на прес-конференцијата како Зоро. 

Некои од новинарите, посебно англиските беа изненадени, но украинските се одушевија од карактерот на Фонсека, кој го наследи Луческу на клупата на клубот од Доњецк.