Фиго доби советничка улога во УЕФА

Португалската легенда и поранешен најдобар фудбалер во светот, Луис Фиго е именуван за советник на Унијата на европски фудбалски федерации (УЕФА). Фиго во својата кариера го носеше дресот на Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер.

„Со моето искуство можам да им помогнам на УЕФА и на европскиот фудбал. Техничките аспекти и правилата на играта ќе бидат мој приоритет. Фудбалот ми даде многу и сакам да му возвратам“, истакна Фиго. 

Фиго ќе им се придружи на Надин Кеслер и Дејан Станковиќ, кои почнаа да работат како советници на УЕФА претходно оваа година. Португалецот се кандидираше за претседател на ФИФА во 2015 година, но, подоцна ја повлече својата кандидатура.