Фелипе Андерсон подготвен за Суперкупот против Јувентус

Бразилскиот напаѓач на Лацио, Фелипе Андерсон најверојатно ќе настапи против Јувентус во Суперкупот на Италија в недела навечер на „Олимпико“. Бразилецот ја санира повредата на ногата и со останатите рековалесценти Валас, Џордан Лукаку и Стефан Раду го одработи синоќешниот тренинг.

Меѓу Андерсон и Балде Кеита тренерот на римјаните Симоне Инзаги ја има најголемата дилема околу партнерот на Чиро Имобиле во шпицот на нападот.

Лацио в недела ќе го претстави и своето засилување во средниот ред Лукас Леива, а се предвидува минути да добие и напаѓачот од Еквадор, Фелипе Каиседо.