ВИДЕО: Фалкао ја стресе мрежата на Порто, се извини и доби овации од трибините!

Екипата на Монако е најголемото разочарување во новата сезона на Лигата на шампионите. Францускиот шампион, вечерва забележа уште еден срамен пораз, откако со убедливи 5-2 загуби на гости кај екипата на Порто. 

Португалските фудбалери одиграа атомски фудбал, постигнаа неколку прекрасни голови, но мечот ќе остане во сеќавање, особено кај домашните фанови, по голот на некогашниот нивни миленик, Радамел Фалкао.

Ѕвездата на Монако во финишот од мечот со глава ги постави конечните 5-2, а по постигнатиот гол им се извини на навивачите на Порто, по што беше награден со овации и аплауз на отворена сцена. 

„Ел Тигре“ својата европска авантура ја започна токму во тимот на Порто, за кого одигра 51 меч, во кои постигна 41 гол.