ФОТО: Емотивната порака од Дани Алвес кон Нејмар по елиминацијата на „Камп Ноу“

Поранешниот фудбалер на Барселона и сегашен на Јувентус, Дани Алвес беше протагонист по мечот на „Камп Ноу“ во средата. Бразилецот имаше емотивен момент со својот соиграч од репрезентацијата Нејмар, кому тешко му падна елиминацијата од „старата дама“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Фудбалерот на Барселона по крајот се фрли на тревникот и започна да плаче, а првата утеха стигна од Алвес и Куадрадо, кои покажаа дека фудбалот пред сè е игра. На прес-конференцијата, дефанзивецот на Јуве дополнително испрати комплименти на сметка на Нејмар и неговите поранешни соиграчи.

Дани Алвес се надоврза на својот гест на стадионот со порака на социјалните мрежи на која напиша: „Те сакам, ти си мој брат“.