Елмас во соблекувалната полна со ѕвезди: Камени, Валбуена, Ван Перси, Ван дер Вил...

Новиот тренер на Фенербахче, Ајкут Кочаман на располагање ќе има супер-тим за да ја врати титулата во Суперлигата на Турција во азискиот дел на Истанбул. Фенер во преодниот рок доведе две големи засилувања, Камерунецот Идриз Камени и Французинот Маје Валбуена.

Овие двајца фудбалери ќе ја делат соблекувалната со нашиот Ељиф Елмас, кој од следната сезона ќе игра за Фенер. Во ростерот на славниот истанбулски клуб се наоѓаат уште Роберт ван Перси, Данецот Симон Кјаер, Бразилецот Фернандао, Словакот Камил Штох, некогашниот ас на Ајакс и ПСЖ, Грегори ван дер Вил, турските репрезентативци Волкан, Топал, Екичи.

Под водство на Дик Адвокат екипата на Фенербахче го освои третото место во претходниот шампионат на Турција со 14 бода заостанување зад Бешикташ и Галатасарај. Во минатото големи имиња како Ањелка, Роберто Карлос, Ортега, Дирк Кајт го носеле дресот на Фенербахче, клуб кој во Турција важи за богат и аристократски клуб.