Елмас ќе добие нов предводник, Кочаман пред заминување од Фенербахче!?

Ељиф Елмас, нашиот најнадежен фудбалер и член на турскиот гигант, Фенербехче, многу веројатно во остатокот од сезоната ќе биде предводен од нов тренер, денес пишуваат турските медиуми. 

Некогашниот шампион на турската Суперлига моментално се наоѓа во тешка играчка, а пред сè резултатска криза, откако во последните пет меча забележа само една победа и падна на седмото позиција на табелата. Очекувано, по ваквите игри на еден тим кој летово потрошни огромно богатство за нови засилување и беше меѓу главните фаворити за освојување на домашното првенство, прв на „тапет“ да биде тренерот, во случајот Ајкут Кочаман. 

Фенербахче во последниот меч од турскиот шампионат одигра само 1-1 против претпоследниот тим на табелата, Османлиспор, па искусниот тренер најави оставка. Сепак, тоа не се случи, бидејќи раководството на клубот брзо реагираше и закажа состанок со Кочаман, кој треба да се одржи овие дена, а на истиот ќе се разговара за неговата иднина во клубот. 

Имено, Кочаман еднаш „спаси глава“, откако беше пред отказ по неочекуваната елиминација од нашиот шампион Вардар во рамките од квалификацискиот плеј-оф на Лига Европа.