Елмас доби „стоп“ од ФИФА, од тоа профитира Робин ван Перси

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас нема да има право да игра за Фенербахче до јануари, затоа што ФИФА одби да му даде дозвола како малолетен да игра за турскиот тим, а од целата ситуација најмногу профитира ѕвездата Робин ван Перси.

Елмас има 17 години и ќе мора да чека на своето официјално деби во дресот на турскиот гигант, а на оваа информација најмногу се „израдува“ Ван Перси. Турскиот клуб имаше едно место кое беше планирано за Елмас, но сепак, откако Македонецот не доби сертификат за настап, на негово место пријавен за настап е Ван Перси, како четеринаесетти странец во Фенер.

Холандскиот фудбалер има повреда и ќе се врати на терените на почетокот на октомври.