ВИДЕО: Ејупи ја отвори сезоната во Хрватска со гол

Македонскиот репрезнтативец Музафер Ејупи означи добар старт на сезоната во Хрватска, откако уште во првото коло даде гол за својот Осијек.

Осијек тргна во лигата со неславно реми против новајлијата Рудеж (1-1), а нашиот фудбалер го постигна голот за изедначување на средбата, откако налета на една одбиена топка и реализира со глава.

Осијек настапува во квалификациите за Лига Европа, па в четврток Ејупи и соиграчите ќе имаат нов предизвик.