ФОТО: „Еден ден и јас ќе станам првак“ - Битолчани на Широк Сокак го креваа Куп-трофејот

Екипата на Пелистер го освои Купот на Македонија по 16-годишен пост, а навивачите пресреќни го дочекаа трофејот во својот град.

На Широк Сокак, љубителите на фудбалот и навивачите на битолските „зелени“ имаа шанса да се сликаат со титулата. Младо и старо го креваше Куп-трофејот со возбуда, а најмладите порачаа - „Еден ден и ние ќе бидеме прваци со Пелистер!“.