Е затоа го викаат „Специјалниот“: Сите мора да бидеме подобри, од играчи до навивачи!

Синоќа уште еден интересен настап пред новинарите имаше менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, откако неговиот тим славеше победа од 2-0 во првиот полуфинален дуел од Лига Купот на Англија. 

Португалецот не е задоволен од пристапот на своите фудбалери во првото полувреме, велејќи дека сите во Манчестер мораат да бидат многу подобри, од играчи до навивачи. 

„Сите мораме да бидеме подобри, дури и навивачите. Можеби не ја работам оваа работа добро, можеби треба да донесам дополнителна тензија пред мечот. И играчите мораа да бидат подобри. Жал ми е, но тоа е така. Ние сме одговорни за навивачите, бидејќи со нашите игри треба да дадеме дополнителен ентузијазам, а тие да бидат тука со нас на теренот. В сабота имаме многу важен меч и ги повикувам сите „ѓаволи“  да дојдат на „Олд Трафорд“ и заедно да го совладаме големиот ривал Ливерпул“, по мечот изјави Мурињо. 

Реванш  дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Хал Сити ќе се одигра на 26 овој месец, а вечерва ќе се одигра второто полуфинале меѓу Саутемптон и Ливерпул. 

Најнови вести од
Лига Куп, Англија