Џилардино заврши на проба во Канада, ќе брка договор во МЛС

Алберто Џилардино, искусниот италијански напаѓач, како слободен агент замина на проба во Канада и ќе бара ангажман во тим кој се натпреварува во МЛС-лигата.

Италијанецот кој има 35 години веќе е на проба во редовите на Монтреал Импакт и во наредните седум дена ќе се обиде да дојде до договор со екипата. Џилардино важи за искусен фудбалер, со настапи за Милан, Фиорентина, Парма, Џенова...

За репрезентацијата на Италија, Џилардино одигра 57 меча и постигна 19 гола.