ВИДЕО: Џејмс Родригез постигна гол од слободен удар како на видео-игра

Џејмс Родригез

Во првото коло од новата година во Бундеслигата, Баерн Минхен славеше кај Баер Леверкузен (1-3) и ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Ремек дело за крај на мечот постигна колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез, кој со перфектен слободен удар ги завери трите бода за тимот на Јуп Хајнкес. 

Ова е трет сезонски гол за Колумбиецот во Бундеслигата.