Дуел на мајсторите за слободен удар - Енис Барди против Дани Парехо

Барди и Парехо

Овој викенд, екипата на Леванте ќе ја пречека Валенсија, а Енис Барди би требало да се врати во првиот тим по отуството во претходното коло на „Сантијаго Бернабеу“ кај Реал Мадрид.

Шпанските медиуми го најавија овој меч како дуел на двајца одлични изведувачи на слободните удари, Дани Парехо и нашиот Енис Барди. Што значи, фаулите во опасната зона пред шеснаесетникот на двете екипи ќе бидат строго забранети.

Парехо е човекот за изведување на сите прекини во редовите на „лилјаците“, кој се подобрува од година во година. Севкупно шпанскиот фудбалер има постигнато осум гола во дресот на Валенсија.

За разлика од него, Барди е новајлија во Примера, но остави впечаток уште од првите минути поминати на теренот. Успеа да го постигне и својот деби гол, против Депортиво Ла Коруња, и секако истиот дојде по прекрасно изведениот слободен удар.

Познато е дека македонскиот „бомбардер“ досега постигна четири од шест изведени слободни удари во дресот на Леванте. 

Дербито се игра в сабота со почеток од 13.00 часот.