ВИДЕО: Дуел Грнчаров-Ибраими, Шкендија бара пенал, за Мечкаровски само симулација

На половина од првиот дел во Тетово, Гачевски и Захов се главни виновници што нема голови во големото дерби меѓу Шкендија и Вардар. Во 23. минута домашните навивачи бараа најстрога казна по дуелот на Грнчаров и Ибраими, но судијата Мечкаровски, кој беше во непосредна близина процени дека има симулација и не покажа на белата точка, туку го запиша репрезентативниот напаѓач во бележникот. 

Натпреварот во Тетово се игра пред полн стадион и голема поддршка за Шкендија.