Драма на тренингот на Тотенхем - Уго Ехиогу преживеа срцев удар

Поранешниот англиски репрезентативец, Уго Ехиогу на денешниот тренинг на Тотенхем доживеа срцев удар, по што веднаш беше пренесен во болница. Ехиогу е тренер во младите категории на Тотенхем, а имал среќа бидејќи брзо реагирала медицинската екипа на клубот.

Од фудбалскиот клуб објавија соопштение во кое ја потврдија оваа вест, но и додадоа дека Ехиогу моментално е во болница и е надвор од животна опасност.

Ехиогу најголемиот дел од својата кариера ја помина во тимовите на Мидлсброу и Астон Вила, а за репрезентацијата на Англија во периодот од 1996 до 2002 година запиша четири меча, на кои постигна еден погодок.