Дибала се врати на тренинг, но нема да биде подготвен за дуелот со Тотенхем

Пауло Дибала тренинг

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, го објави официјалниот список на фудбалери со кои ќе располага на престојниот осминафинален меч од Лигата на шампионите (ЛШ) против Тотенхем.

На него место немаше за Пауло Дибала, кој се врати на тренинзите на „бјанконерите“ по повредата заработена на 6 јануари.

Аргентинецот е еден од подобрите фудбалери на „старата дама“ во новата сезона и постигна 17 гола на 27 одиграни натпревари во сите конкуренции.

Покрај Дибала, на мегдан со премиерлигашот нема да излезат Андреа Барзаљи, Хуан Куадрадо, Бенедикт Ховедес, Блес Матуиди и Стефан Лихштајнер.