Ди Франческо: Видов две изданија на Рома, второто воопшто не ми се допадна

Рома прокоцка одлично издание од првото полувреме и загуби во Украина од Шахтјор Доњецк со 2-1. Тренерот на италијанскиот вицешампион, Еузебио ди Франческо беше критичен кон своите фудбалери за начинот на кој ја загубија физиономијата во второто полувреме. 

„Видов две различни изданија на мојата екипа, а второто воопшто не ми се допадна. До 50. минута бевме одлични, но потоа физички паднавме и добро е што дури и вака поминавме. Апсурдно е што на крајот направивме толку многу грешки, а имаме искусни фудбалери на теренот. Се надевам дека Џеко наскоро ќе постигне гол, бидејќи му е потребен од психолошка гледна точка“, истакна тренерот на Рома.

„Волчицата“ двапати во последните десетина години играше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но двапати беше елиминирана од Манчестер Јунајтед.