Девојката со луди фристајл-вештини станува македонска репрезентативка

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ќе го има првиот собир во 2018 година, а меѓу оние кои ќе бидат присутни е и македонската „фристајл-мајсторка“, Ана Милчевска, која со само 14 години ќе конкурира за иден настап во „црвено-жолтиот“ дрес.

Селекторот Тоше Нацев ќе ја селектира фудбалската иднина и во тимот повика девојки родени во 2002 и 2003 година кои треба да го формираат тимот во наредните циклуси. Во меѓусебен тест ќе се одредува квалитетот на девојките, а потоа тимот ќе се селектира и крати.

Меѓу повиканите покрај Ана Милчевска (Драгон), во тимот се уште и Чавкова Оливера (АС Јунајтед), Амела Усеинова (АС Јунајтед), Сара Петковска (Речица), Марта Марковска (Речица), Хикмет Лимани (Куманово), Ана Ѕвездакова (Атлетико), Викторија Чакалова (Кочани), Верица Колеска (Топ Гол), Јована Николовска (Топ Гол), Мартина Петровска (Топ Гол), Македонка Размоска (Топ Гол), Андреа Миленковска (Топ Гол), Мартина Тасевска (Топ Гол), Рика Шерифи (Њујорк), Амда Јахи (Шарпланинка), Марија Ничевска (Љуботен), Деспина Пауновиќ (Љуботен), Миленка Митевска (Љуботен), Викторија Недева (Тиверија), Македонка Ѓорѓиева (Тиверија), Ивана Василева (Тиверија), Викторија Стојанова (Габер Ваташа) и Марина Ѓорѓиевска (Габер Ваташа).