ВИДЕО: Дербито без победник, Штиндл ја спаси Германија од разиграната Франција

Репрезентацијата на Германија во финишот пред домашната публика во пријателски дуел се спаси од пораз од Франција (2-2), која одигра одличен натпревар и има зошто да жали.

„Триколорите“ беа на прагот на победата, но сепак во финишот ја испуштија. По една акција која траеше долго, за изедначување пред самиот крај погоди Ларс Штиндл, кој доби топка во шеснаесетникот од Геце и по земја го совлада Манданда.

Претходно Франција на двапати водеше со голови на Александре Лаказет. Напаѓачот на Арсенал прво погоди во 33. минута за 0-1, по асистенција на одличниот Марсијал, додека вториот гол го даде во 71. минута, за 1-2 откако доби топка во простор од Мбапе. Меѓу двата гола на Лаказет, еден постигна и Германија преку талентот Тимо Вернер во 56. минута.

Белгија, пак, со 1-0 славеше над Панама, по тешка борба за да дојде до тресење на мрежата на противникот. Победничкиот гол го постигна Ромелу Лукаку во 72. минута по асистенција на Шадли.

Велс како домаќин ги разочара своите фанови и одигра 1-1 против Панама. Иако без Герет Бејл, домашните водеа до финишот со голот на Лоренс во 75. минута, но ги шокира Купер кој ја стресе мрежата на фаворитот во 93. минута.

Австрија на домашно тло со 2-1 го совлада Уругвај, со погодок на Шлауб во 87. минута. Претходно Австрија во водство ја донесе Сабитцер во 5. минута, додека Единсон Кавани изедначи на 1-1 во 10. минута.