Деновите на Унаи Емери во ПСЖ се изброени, еве кои се фаворити за негова замена

Италијанци

Поразот на ПСЖ на гостувањето кај Баерн Минхен воопшто не му се допадна на сопственикот на клубот, Насер Ал Келаифи. Тој порача дека неговиот тим има добри фудбалери кои не смеат да си дозволат игра како онаа на „Алијанц арена“.

Поради овие зборови на катарскиот магнат, француските медиуми започнаа со шпекулации околу името на замената на Унаи Емери. Сите предвидуваат негов отказ во наредните неколку месеци, а кандидати за неговото место се тројца италијански стручњаци.

Како изразит фаворит е Масимилијано Алегри од Јувентус за кого се зборува дека сака да си замине од Торино.

Веднаш зад него е Антонио Конте кој очигледно ќе го напушти Челзи на крајот од сезоната. Темпераментниот Италијанец изјави дека не му се допаѓа климата во Англија, па поради тоа сака да ја промени средината.

Третото решение е поранешниот тренер на тимот, Карло Анчелоти кој е најголемото слободно име на пазарот.