Денковски пак промени клуб, сезоната ќе ја заврши во четвртата шпанска лига

Денковски

Некогашната голема фудбалска надеж и член на сите младински категории на Македонија, Христијан Денковски, се одлучи за нова промена на средината, но ќе остане во Шпанија. 

23-годишниот играч за врска оваа сезона ја започна во редовите на Азуага, но по само шест месеци се пресели во Фериоленсе, кој е член на четвртата по квалитет шпанска фудбалска лига.

За Денковски, Фериоленсе е осми клуб во кариерата, претходно настапуваше за Пелистер, Вардар, Работнички и Македонија ЃП во нашето првенство, додека како младинец беше дел од холандски Гронинген и словенечки Триглав.