ВИДЕО: Деби од сништата - Запакоста даде супер-гол, а фановите не го ни препознаа

Деби со гол и со победа од 6-0 - подобро не може да биде за Давиде Запакоста, кој вечерва првпат играше во дресот на Челзи во Лигата на шампионите, откако дојде во англискиот шампион на последниот ден од преодниот рок и веднаш постигна гол.

Половина од присутните на „Стемфорд Бриџ“ не го ни препознаа, а се радуваа на голот за 2-0 на „сините“ на Конте. 

Заедно со головите на Меси и „петардата“ на ПСЖ, првото коло од новата Лига на шампиони ќе се памети и по овој незаборавен гол на Давиде Запакоста.

Челзи се врати во Лигата на шампионите и со победа од 6-0 најави дека нема само да учествува во штотуку започнатата сезона.