ВИДЕО: Де Роси одби да влезе во игра - „Зошто јас, ставете напаѓачи“!

Еден од тројцата светски прваци во италијанскиот табор, капитенот на Рома, Даниеле де Роси веројатно фрли „црна дамка“ на професионалната кариера. Фудбалерот за врска одби да се загрева, па со тоа и да влезе во игра, во второто полувреме од натпреварот во Милано меѓу Италија и Шведска, по кој „азурите“ останаа без Мундијалот во Русија. 

„Зошто да се загревам? Ставајте напаѓачи“, му порача Де Роси на еден од помошниците на Вентура.

Белоти, Ел Шарави и Бернардески влегоа во игра, но воопшто не го подобрија изданието на италијанската репрезентација.