Де Роси: Никој не умрел, а атмосферата беше како да сме на погреб!

Легендарниот италијански репрезентативец, Даниеле де Роси на неславен начин ја заврши својата репрезентативна кариера, откако синоќа „азурите“ не успеаја да ја победат Шведска и со тоа да обезбедат пласман на претстојното Светско првенство во Русија. 

Тагата кај фановите и фудбалерите е голема и разбирлива, а фудбалерот на Рома на оригинален начин ја опиша атмосферата во соблекувалната по вчерашната елиминација. 

„Ова е еден од најмрачните периоди во нашата фудбалска историја. По мечот во соблекувалната атмосферата беше како на погреб, а никој не умрел. Па затоа, сега треба да им ги препуштиме местата на помладите и сигурен сум дека тие за краток период ќе го вратат сјајот на оваа селекција“, вели Де Роси. 

Токму фудбалерот на Рома, како и членовите на Јувентус, Кјелини, Барзаљи и Буфон синоќа го одиграа последниот натпревар за Италија.