Давиде Никола поднесе оставка, Кротоне остана без тренер

Давиде Никола утрово поднесе оставка од тренерското место во Кротоне по само 15 кола во Серија А и три последователни порази. Човекот кој обезбеди опстанок минатата сезона го остава Кротоне на 16. место на табелата.

44-годишниот Никола одлуката ја донел по поразот во понеделникот од Удинезе со 0-3. Кротоне падна на само два бода од СПАЛ, кој е во зоната за испаѓање.

Претседателот на клубот, Џани Врена и тренерот Никола имаа недоразбирања и околу летните засилувања, а сега кулминираа со отказот на тренерот на крајот од есенскиот дел на сезоната. Деновиве Кротоне ќе го назначи наследникот на Давиде Никола.