Давид Бабунски го продолжи договорот со Јокохама Маринос

Единствениот Македонец кој настапува во јапонсата Џеј лига, Давид Бабунски, и следната година ќе игра во земјата на изгрејсонцето, откако вчера го продолжи договорот со Јокохама Маринос на уште една година.

По 20 официјални натпревари и три постигнати погодоци за екипата која играше во финалето на Царскиот Куп, од Јокохама беа задоволни од учинокот на Бабунски и обостраното задоволство донесе нов договор.  

Пред да дојде во Јокохама, Бабунски го носеше дресот на Барселона Б и Црвена Звезда.