ВИДЕО: Данска слави пласман на Мундијалот, Ериксен херој на реваншот во Ирска

Данска победа

По победата во двомечот против Ирска (5-1), репрезентацијата на Данска е последниот патник од европските квалификации на Мундијалот во Русија наредната година.

По ремито без голови на домашен терен, данската репрезентација со пресврт стигна до голема победа и пласман на уште едно Светско првенство. По почетниот шок и водството на Ирците во шестата минута со голот на Дафи, следуваше одговор на Данците пред паузата. 

Кристиенсен и Ериксен во само три минути ја расипаа забавата на домашната публика и направија целосен пресврт. 

Најдобриот играч на гостите, Ериксен, се погрижи да нема никакви дилеми околу конечниот резултат и со два прекрасни гола во вториот дел зголеми на 1-4. Точка на натпреварот стави Никлас Бендтнер, со гол од пенал во последните моменти од мечот (1-5).

Скандинавците имаа одлични квалификации, ако се земе предвид дека вчера Шведска ја елиминираше Италија за да обезбеди место меѓу најдобрите 32 репрезентации кои ќе се борат за светската титула наредната година.