Данци ќе му судат на Вардар на дебито во Лига Европа

Македонскиот фудбалски првак Вардар в четврток ќе го има дебито во Лига Европа против Зенит, а правдата на мечот ќе ја делат судии од Данска.

„Црвено-црните“ првиот дуел го играат во Скопје, а на „Филип Втори“ главен судија ќе биде Јакоб Келет од Данска, кој во професионалните судиски води е од 2011 година. Последен меч кој го судел Келет е дуелот меѓу Маритимо и Динамо Киев (0-0) кој се одигра во рамки на квалификацискиот плејоф за ЛЕ.

Асистенти ќе му бидат Хенрик Ларсен и Хајне Соренсен, исто така од Данска, додека четврти судија е Ларс Рикс.

Зад головите додатни судии ќе бидат Михаел Тикгард и Јенс Мае. Вардар е првиот македонски клуб кој ќе игра во Лигата на Европа, а натпреварот против Зенит се игра во терминот од 21.05 часот.