„Чудото“ Алиоски меѓу најдобрите по есенскиот дел од сезоната во Швајцарија!

Езџан Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра одлични 18 меча за швајцарски Лугано и заслужено се најде меѓу најдобрите во швајцарската Супер лига.

Реномираниот швајцарски весник „Спорт“ направи избор на десетте најдобри фудбалери на есенската полусезона, а меѓу нив е и Алиоски. Македонецот изненади со одличните игри, во ист ритам продолжи и во репрезентацијата, а за него новинарите од медиумот велат:

„Земан му даде шанса на Алиоски да игра надвор од одбраната и му ја промени кариерата. Македонецот кој има 24 години игра различно за разлика од лани и стана најдобриот офанзивец во лигата. Вкупно, постигна девет гола и додаде уште девет асистенции на 18 меча и го држеше нападот на Лугано. Тешко им е на противничките одбрани да го сопрат!“, вели во описот.

Алиоски и Лугано по 18 кола се на осмото место во швајцарската Супер лига, а првенството продолжува во февруари. Првиот меч од пролетниот дел Лугано го игра против лидерот и фаворит за титулата, Базел.